<body><script type="text/javascript"> function setAttributeOnload(object, attribute, val) { if(window.addEventListener) { window.addEventListener('load', function(){ object[attribute] = val; }, false); } else { window.attachEvent('onload', function(){ object[attribute] = val; }); } } </script> <div id="navbar-iframe-container"></div> <script type="text/javascript" src="https://apis.google.com/js/plusone.js"></script> <script type="text/javascript"> gapi.load("gapi.iframes:gapi.iframes.style.bubble", function() { if (gapi.iframes && gapi.iframes.getContext) { gapi.iframes.getContext().openChild({ url: 'https://www.blogger.com/navbar.g?targetBlogID\x3d12998280\x26blogName\x3dBlog+4+Fun\x26publishMode\x3dPUBLISH_MODE_BLOGSPOT\x26navbarType\x3dBLUE\x26layoutType\x3dCLASSIC\x26searchRoot\x3dhttp://blog4fun.blogspot.com/search\x26blogLocale\x3dmk_MK\x26v\x3d2\x26homepageUrl\x3dhttp://blog4fun.blogspot.com/\x26vt\x3d-914302168013441392', where: document.getElementById("navbar-iframe-container"), id: "navbar-iframe" }); } }); </script>

Blog 4 Fun

вељком ту мај сајт

Перо Гробарот: Заеби Тито, на Цеца и Азис треба бисти да му прајме

Два месеца виче ни а натапанија главата со прикаски: Тито вака, Тито нака. Абе даа а ебам мама му и ја го сакаше Тито, ама тоа е чоекот, си умре и толку. Шо да прајме сеа, како да го стајме за претседател. Е не може. Ни и колку да сакаме, и он колку да сака на може! Умрет си е. Кој му е крив што се женел толку млад со Јованка, за да умре толку рано. Таа сега уште си живее и викат имала околу 80 години. И Тито ако се оженел подоцна со неа, сеа че си беше жив и че си имаше и он 80 и некоа годинка уште че ни беше претседател. А ни уште че си бевме цела држава и уопште немаше потреба да ги трпиме ваа нашиве политичари кои не водат сеа. Затоа баце сите што мислат дека Тито не може да ни биде претседател нека заборават и нека се свртат накај иднината на нашата држава – Цеца и Азис. Ни на нии треба да гледаме каа нашата иднина, оти не дај боже нашите партијци тија двајцата да направат некоја партија одма че бидат избрани. Не е битно дали Цеца че биде премиер, а Азис претседател или обратно.

Како што ми дојди ваа идеа сеа че прашате. Ами ногу лесно, воа времето ногу врнежливо не може да се спотера по нивите и си седам дома и само си размислуам како да се натера виа народ да работе со поголем елан по лојата.

И така ми текна дека пред некоа година, коа Цеца стана популарна прочита у некој весник дека имала завршено средно земјоделско – отсек свињарство. И одма а замислуам Цеца како наш премиер со големи стручни познавања у областа која Македонија треба да ја развива. И одма замислуам како она иде на нивите и стручно покажуе како наште земјоделки да работат. Истегана баце у некое кратко сукњиче, само со прслуче на тоа големите силикони и го крое лозјето или поткопнуе по троа околу редот, додека трактористите орат. И одма ми се ствара слика како нашите млади земјоделки каа неа истегани у крати миничи со голем “V” израз, цицките работат напрчени у лозјата. А плус тоа за да изгледат каа неа сите наши земјоделки че мора да си стават силикони у цицките. Е тогаш баце Македонија че стане прва силиконска долина, а не каа нија Циле Топурковски шо сакаше тие ж’те Тајванци да ни ги донесе и че правеле од Македонија силиконска долина за да се прават компјуктери. Глупост е тоа. А башка го замислуам и Азис како претседател. Баш че го биде. Прав татко на нацијата може од него да испадне. Чоекот малку е обратен или каа што викаат скопјани де човекот е “ни ваму ни таму“. Баш како шо ни треба чоек за претседател. За сите да биде арен.

И така си седам и си мислам како да а оствариме идеата и ете ти го доаѓа комшијата Перо Прчот и со него седиме така му а изложувам идејата и он го напрчи тоа мустачот и вика: Е Перо ако тоа се направе ја место 3 декара на ден ја че орам по 10 и редовите ако треба че ги изорам, ако Цеца стане премиер. И со него цела вечер пиеме ракија и ги анализираме сите аспекти на мојта државничка идеја, која сеа стана заедничка. И негде сабајлето пред да пропеат првите петли мене така нацрцан од таа ракијата пресноварица ми дојде идеја да одиме у Скопје на концертот на Цеца и да и ја предложиме идејата. Ама се јави проблем кај че преспиеме у Скопје. Оти пари за хотели неаме, глупо е сеа ни носиме у нашите глави државнички идеи, да спијме на улица или у паркот. Шо ако не нападна некои манијаци па од страв да се испосериме и не можиме така искашкани да ојме кај Цеца. И тогаш ни текна да преспијме кај Јордан Чоравиот. Он до пред две години беше кондуктер у селските аутубуси кај нас. Ама беше некој роднина со некој големец у СДСМ и го поставија за директор у Скопје и заедно со жена му Грозда Љубовџиката се преселија у Скопје. За него а кажаа една ногу интересна работа коа влегол првиот ден у директорската канцеларија му донеле нешто да потпише и он а викнал секретарката и уште пет - шест работници и им рекол сеа ви нишајте ме за да можам поубаво да потпишам. Оти чоекот каа кондиктер само така бил навикнат да потпишува.

И така ни отидоме за Скопје. А како поминаме на концертот и дали Цеца ни а прифати понидата че ви напишам у следната колумна.
« Home | Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »

15 јуни, 2005 06:18

I, i, i, sto bidna?! :)    



15 јуни, 2005 07:57

Ја не знам, ја сам био на подрум! :)    



» Објави коментар