<body><script type="text/javascript"> function setAttributeOnload(object, attribute, val) { if(window.addEventListener) { window.addEventListener('load', function(){ object[attribute] = val; }, false); } else { window.attachEvent('onload', function(){ object[attribute] = val; }); } } </script> <div id="navbar-iframe-container"></div> <script type="text/javascript" src="https://apis.google.com/js/plusone.js"></script> <script type="text/javascript"> gapi.load("gapi.iframes:gapi.iframes.style.bubble", function() { if (gapi.iframes && gapi.iframes.getContext) { gapi.iframes.getContext().openChild({ url: 'https://www.blogger.com/navbar.g?targetBlogID\x3d12998280\x26blogName\x3dBlog+4+Fun\x26publishMode\x3dPUBLISH_MODE_BLOGSPOT\x26navbarType\x3dBLUE\x26layoutType\x3dCLASSIC\x26searchRoot\x3dhttp://blog4fun.blogspot.com/search\x26blogLocale\x3dmk_MK\x26v\x3d2\x26homepageUrl\x3dhttp://blog4fun.blogspot.com/\x26vt\x3d-914302168013441392', where: document.getElementById("navbar-iframe-container"), id: "navbar-iframe" }); } }); </script>

Blog 4 Fun

вељком ту мај сајт

Блогов преселен!

недела, јуни 26, 2005
Блогот е преселен на http://www.dexter.mkhost.org/blog, а името ќе му биде променето, но не ми текнува никое интересно име! Наскоро ќе биде со домаин име (какво името на блогот, таков домаин).

Go Brum Brum Now Mother F**ker

Ооо, чуек! Дека си?

сабота, јуни 25, 2005
Еве сум... ме немаше од вторник, ама сеа па ме има. Му помагав на еден „анархиста“ од Тетово (па мора, од кај мене е) за блогот негов Moto Drivers, а и ме мрзеше да наџврљам нешто и така. А сеа да ви кажам нешто за газдата од Мото Драјверс. Тој Цале уствари е голем обожавател на моторите, рокенролот и пивото (кој не е на пиво) и својот блог му е посветен нарочито за тоа. Успут мора да ви се пофалим дека праам мој нов сајт. Ајт поздрав!

Видео игра со Фифти Цент

вторник, јуни 14, 2005
Сигурно знаете дека 50 Центи беше застрелан со девет куршуми и преживеа. Е сега, раперот потпиша договор неговиот лик да се појави во видео игра наречена „Отпорен на куршуми“. Да, добро прочитавте – и покрај тоа што беше направен решето од куршуми, видео играта инспирирана од 50 Центи же се вика „Отпорен на куршуми“!

Дејството се одвива во Њујорк, каде што Фифти се соочува со дилери на дрога. Во играта, како гости ќе се појават другарите 50 Центи: Д-р Дре – како Гриз, Еминем – како Меквикар, Лојд Банкс, Тони Јајо и Јанг Бак од Џи Јунит. Играта ќе содржи и неколку песни од Фифти, и зона во која ќе може играчот да ги микса неговите нови песни со новите ритми од Џи Јунит.

Раперот им изјави на новинарите: Возбуден сум поради „50 Центи – Отпорен на куршуми“, исто колку што сум среќен за успехот на мојот албум „The Massacre“, а тоа ми значи многу бидејќи досега само музиката ми беше најважна во животот. Појавувањето на Еминем и Д-р Дре во играта докажува дека таа е на вистински пат да биде успешна колку и мојата музика.

Перо Гробарот: Заеби Тито, на Цеца и Азис треба бисти да му прајме

понеделник, јуни 13, 2005
Два месеца виче ни а натапанија главата со прикаски: Тито вака, Тито нака. Абе даа а ебам мама му и ја го сакаше Тито, ама тоа е чоекот, си умре и толку. Шо да прајме сеа, како да го стајме за претседател. Е не може. Ни и колку да сакаме, и он колку да сака на може! Умрет си е. Кој му е крив што се женел толку млад со Јованка, за да умре толку рано. Таа сега уште си живее и викат имала околу 80 години. И Тито ако се оженел подоцна со неа, сеа че си беше жив и че си имаше и он 80 и некоа годинка уште че ни беше претседател. А ни уште че си бевме цела држава и уопште немаше потреба да ги трпиме ваа нашиве политичари кои не водат сеа. Затоа баце сите што мислат дека Тито не може да ни биде претседател нека заборават и нека се свртат накај иднината на нашата држава – Цеца и Азис. Ни на нии треба да гледаме каа нашата иднина, оти не дај боже нашите партијци тија двајцата да направат некоја партија одма че бидат избрани. Не е битно дали Цеца че биде премиер, а Азис претседател или обратно.

Како што ми дојди ваа идеа сеа че прашате. Ами ногу лесно, воа времето ногу врнежливо не може да се спотера по нивите и си седам дома и само си размислуам како да се натера виа народ да работе со поголем елан по лојата.

И така ми текна дека пред некоа година, коа Цеца стана популарна прочита у некој весник дека имала завршено средно земјоделско – отсек свињарство. И одма а замислуам Цеца како наш премиер со големи стручни познавања у областа која Македонија треба да ја развива. И одма замислуам како она иде на нивите и стручно покажуе како наште земјоделки да работат. Истегана баце у некое кратко сукњиче, само со прслуче на тоа големите силикони и го крое лозјето или поткопнуе по троа околу редот, додека трактористите орат. И одма ми се ствара слика како нашите млади земјоделки каа неа истегани у крати миничи со голем “V” израз, цицките работат напрчени у лозјата. А плус тоа за да изгледат каа неа сите наши земјоделки че мора да си стават силикони у цицките. Е тогаш баце Македонија че стане прва силиконска долина, а не каа нија Циле Топурковски шо сакаше тие ж’те Тајванци да ни ги донесе и че правеле од Македонија силиконска долина за да се прават компјуктери. Глупост е тоа. А башка го замислуам и Азис како претседател. Баш че го биде. Прав татко на нацијата може од него да испадне. Чоекот малку е обратен или каа што викаат скопјани де човекот е “ни ваму ни таму“. Баш како шо ни треба чоек за претседател. За сите да биде арен.

И така си седам и си мислам како да а оствариме идеата и ете ти го доаѓа комшијата Перо Прчот и со него седиме така му а изложувам идејата и он го напрчи тоа мустачот и вика: Е Перо ако тоа се направе ја место 3 декара на ден ја че орам по 10 и редовите ако треба че ги изорам, ако Цеца стане премиер. И со него цела вечер пиеме ракија и ги анализираме сите аспекти на мојта државничка идеја, која сеа стана заедничка. И негде сабајлето пред да пропеат првите петли мене така нацрцан од таа ракијата пресноварица ми дојде идеја да одиме у Скопје на концертот на Цеца и да и ја предложиме идејата. Ама се јави проблем кај че преспиеме у Скопје. Оти пари за хотели неаме, глупо е сеа ни носиме у нашите глави државнички идеи, да спијме на улица или у паркот. Шо ако не нападна некои манијаци па од страв да се испосериме и не можиме така искашкани да ојме кај Цеца. И тогаш ни текна да преспијме кај Јордан Чоравиот. Он до пред две години беше кондуктер у селските аутубуси кај нас. Ама беше некој роднина со некој големец у СДСМ и го поставија за директор у Скопје и заедно со жена му Грозда Љубовџиката се преселија у Скопје. За него а кажаа една ногу интересна работа коа влегол првиот ден у директорската канцеларија му донеле нешто да потпише и он а викнал секретарката и уште пет - шест работници и им рекол сеа ви нишајте ме за да можам поубаво да потпишам. Оти чоекот каа кондиктер само така бил навикнат да потпишува.

И така ни отидоме за Скопје. А како поминаме на концертот и дали Цеца ни а прифати понидата че ви напишам у следната колумна.

Графити

сабота, јуни 11, 2005
Внимание!!! Attention!!! На следната страница некој идиот го подвлече името на убиецот! (на една од почетните страници на роман на Агата Кристи, земен од библиотека)

Толку си грд што слободно можеш да бараш оштета од родителите!

Денес не враќаме кусур. (напишано на ливче на една трафика во Белград)

Внимавај, антигравитација!!! (напишано во лифт)

Убијте го Бата Живоиновиќ! (Хитлеровата последна желба)

Јас тебе ти се допаѓам, а ти мене? (црногорско додворување)

Не ми пречи што сонувам на англиски, туку ме нервираат германските титлови.

Влези, немој да ги соблекуваш чевлите! (во еден автобус на ГСП)

Копче за самоуништување во случај на заглавување. (покрај копчињата за узбуна во еден лифт)

Менувам тегла лутеница за викендичка во Охрид.

Не сум згоден, ама сум неопходен. (на влезот во ординација на приватен гинеколог)

Цајканите се како проститутки. Стојат на ќошињата, а семејствата се срамат.

Не бришете ги носовите од чаршафите кога веќе имате ракави. (од една кафана)

Авалон ќе враќа по 250 денари

среда, јуни 08, 2005
Продукцијата „Авалон“ на граѓаните кои купиле и ги чуваат влезниците за фестивалот „Skopje Sound Good“ ќе им врати по 250 денари. Тоа е договорено со Организацијата на потрошувачите на Македонија и со Државниот пазарен инспекторат, откако повеќе граѓани реагирале до овие институции дека на 28 мај од организаторот на фестивалот - продукцијата „Авалон“ не го добиле тоа што им било ветено на рекламата.


Повеќе на Секoj Ден!

Бекам отворил фудбалска академија у Лос Анџелес

недела, јуни 05, 2005
Дејвид Бекам, сака да им покаже на малите Американчиња дека освен кошарката, рагбито и безболот постои уште еден спорт во кој може да се дојде до слава и богатство.

Поради тоа во Лос Анџелес откупил талентирани девојчиња и момчиња од некои си амерички клубови за да направи прекрасни играчи од нив. Ако многу од нив не успеат, Бекам сепак ќе ја оствари неговата цел „да ги извади на улица и добро да ги забавува“.

Перо Гробарот: Тактиката на Живко Кратешницата

петок, јуни 03, 2005
Виа снеговите се ногу лоши и досадни! Ни моиш да испадниш надвор, ни да се прошеташ, ни со овците да се истрчиш по плаинта. Само седи дома и пази покривот да не ти падне. За жал ниа Ристо Пенов не е градоначалник на цела Македонија па и тука да пратеше некој работник да ни ги исчисте улиците.

И така ја сеа си размислувам да беше како у старо време не ќе можеше да си напишам статија за сајтов на Деки. Абе кој будала поштар ќе сакаше специјално за мене да иде по снегот за писмото да ми го носе. Е затоа шом сме у 21-от век, благодарение на техникта ја ци го зеам компјуктерот под мишката и ци седнам до оѓинот и си пишам. А пред 20 години коа немаше компјуктери, а немаше ни телефони, коа че паднеше снег животот у селто застануваше. Комплетна блокада, ни до продавницта не можеше да се отиде. Ама имаше еден поштар Живко Кратешницата го викаа, шо и по најголемиот снег се пробиваше за на луѓето да им ја однесе поштата и пензиите.

Е Живко, Живко арен он беше, а сеа виа млаите поштари се за никаде. И така си седам и си размислуам за тиа времиња, коа некој ми тропа на врата. Тропа двапати кратко и еднаш оптегнато. (Он тоа од филмот “Поштар увек звони двапута“). Одма го позна дека е Живко Кратешицата. Е шо сеа виа човек бара тука. Отварам портата и стварно Живко. Шо праиш бе Живко. Е, ми вика, мора да се работе, а виа млајте сега ги стра да одат по снегот па мене ме вратија од пензија за да ја разнесам поштата. Туку остај го тоа, имаш писмо од Загреб, од некоа шо ногу те сакала и си и оставил впечаток. Живко беше ногу арен поштар он не оставаше ти сам да си го прочиташ писмото. Он се праеше: он ги носеше, ги отвараше, ги читаше и ги прераскажуеше. А ако се запиеше и на вечера че ти останеше. Сепак интересан беше: а некој добиеше писмо у селто, одма цело село знаеше шо писмо е и од кој е. Некои му се лутеа, ама он се правдаше со зборовте: Е ја мора да ги исчистам сите писма, шо ако некое е со лоша содржина и морам да го припремам примачот.

А да си ибе човекот имаше ногу јака стратегија. Се одоколу кажуеше за на крај и лоша да е веста, селанте со радост а примаа.

Така коа, Ристо Прдежот, мажот и на Мара Кацата, отиди у Швијцарија на печалба и таму се преженил за некоја Швицарка, а да не беше Живко, сигурно Мара че неправеше некоја бела. Ама поштар каа поштар, а го добил писмото го намирисал дека нешто не е во ред и одма земал да го исчита. Две кофи с’зи изронал додека стигнал до крајот. А у писмото Прдежот и вика на Мара: Ти мори Маро ногу си убава жена, домаќинка, си грижиш за којзте, овците и за кучто, ама ја туа си најди една Швицарка современа и не си идам виче. Ногу ми е убаво со неа оти ми отвори ногу можности у сексот. Со неа си имам и устен и газен секс, а не каа со тебе само однапред и понекогаш одзади.

И Живко мислел, мислел како да а изведе работта и отишол ки Мара. Она мислела дека и носе пари од мажот и му направила вечера, му турила и ракијца и винце и Живко се заматил и заборавил зошо дошол. Почнал и да а потчепкуе. А Мара сама жена и одамна не онадена, ногу не се противела. И а натегнал. Првин Мара му направила устен секс, па газен и на крај завршиле обично. Живко тогаш се сетил на писмото и извикал: Слушај Маро мажот ти гомна да јаде. Оти море Живко. Како мори оти, па ваму ти изнапишал глупости дека ти виа работи не ги правиш и дека он таму си нашол друга и дека виче не си идел. А Мара оти била презадоволна не реагирала лошо. А мојште ли да замислите како че рагирала ако само го исчитал писмото. Че ја удрело инфракт сигурно.

Затоа сите го сакаат Живко, оти зне да изведе ситуација. Така коа на Цандо Сојката му умрела мајката – девејсет и шестогодишната баба Паца, Живко прочитал и тргнал да му кажуе, ама Цандо не бил дома и тргнал да го бара. Го нашол у кафанта како пие и пее. Му било незгодно да му каже. И тогаш се сетил! Земал од музикта а порачал песната Мајко една си на светот. И коа станале сите да му пеат он му се свртил на Цандо и му рекол: Ти да седиш и да не пеиш оти мајка ти денеска умрела. И така Цандо со леснотија а примил веста.

Но да се вратам на сегашноста, Живко сварно ми донесе писмо од Загреб. Бјанка со коа у Загреб на Универзијаата имаме натпревар у повеќе дисциплини, ми напиша дека станала некој функционер у некое женско движење за мешани бракови у Хрватска и со десетина жени немажени че дошла у Македонија у посета на неразвиените подрачја да барале момци – стари ергени за мажење.