<body><script type="text/javascript"> function setAttributeOnload(object, attribute, val) { if(window.addEventListener) { window.addEventListener('load', function(){ object[attribute] = val; }, false); } else { window.attachEvent('onload', function(){ object[attribute] = val; }); } } </script> <div id="navbar-iframe-container"></div> <script type="text/javascript" src="https://apis.google.com/js/plusone.js"></script> <script type="text/javascript"> gapi.load("gapi.iframes:gapi.iframes.style.bubble", function() { if (gapi.iframes && gapi.iframes.getContext) { gapi.iframes.getContext().openChild({ url: 'https://www.blogger.com/navbar.g?targetBlogID\x3d12998280\x26blogName\x3dBlog+4+Fun\x26publishMode\x3dPUBLISH_MODE_BLOGSPOT\x26navbarType\x3dBLUE\x26layoutType\x3dCLASSIC\x26searchRoot\x3dhttp://blog4fun.blogspot.com/search\x26blogLocale\x3dmk_MK\x26v\x3d2\x26homepageUrl\x3dhttp://blog4fun.blogspot.com/\x26vt\x3d-914302168013441392', where: document.getElementById("navbar-iframe-container"), id: "navbar-iframe" }); } }); </script>

Blog 4 Fun

вељком ту мај сајт

Скопје (ептен) саундс гуд

Новиот летен музички фестивал "Скопје саундс гуд" помина во лоша светлина. Скопје звучеше тажно, а сите оние кои со голема желба дојдоа на отворениот простор пред Скопски саем да го проследат ова долгонајавувано збиднување, си заминуваа разочарани. Една од причините за неуспехот на фестивалот беше силниот дожд што го помести неговото одржување неколку часа подоцна. Со тоа, веќе однапред се знаеше дека барем една од предвидените групи нема да настапи. Едноставно, немаше и време. Тоа им се случи токму на оние кои публиката најмногу ги посакуваше - "Тивери корпорејшнн". А, како што дознаваме, уште една причина за нивното едноминутно појавување на сцената, била нивната навлажнета техничка опрема.

Забавата, всушност, почна во 1,30 часот по полноќ со "Фејтлес". Британскиот состав за нас е нешто веќе видено, иако одлично се претстави. Продолжи со стоминутна пауза додека се чекаше Исланѓаните "Гас гас" да се наместат на сцената. Пауза исполнета со нервоза и долги извици на негодување до организаторот "Авалон". Конечно, во 3,30 часот по полноќ ги дочекавме и "Гас гас". Фестивалот заврши разочарувачки за сите оние кои упорно издржаа да го проследат докрај, односно за сите што ги чекаа "Тивери корпорејшн". Диџејското трио "Икспрес 22", пак, настапиле први, кога беше дождот најсилен, само пред неколкумина оптимисти. Но, повеќе се слушал звукот на дождот, отколку оној што го произведуваа само 20 минути тие што се најдоа на влажната сцена. "Скопје саундс гуд" требаше да биде фестивал кој не само што долго ќе го паметиме туку и гордо ќе нe смести на светската фестивалска мапа. Очигледно, организаторите можат да се снајдат само на затворено, во Универзална сала, на пример. Бидејќи, очигледно се плашат од дожд. Но, заслужија ли сите оние кои, за наши услови, скапо ја платија влезницата да бидат изиграни и да ја преживуваат организаторската неснаодливост? На толпата луѓе им остана само да "уживаaт" во лошото озвучување, онолку колку што беше искористено.

Утрински Весник
« Home | Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »

31 мај, 2005 17:32

E, toa ti e, a samo da se javea do Vlada,... Ce se ispukase nekoja raketa i dozdot ce bese raznebiten, na parcinja be... :)    



31 мај, 2005 18:18

Нас, диџеј за курац не не бидува, па не за концерт. Срамота, којзнае сега на колку играа мајтап со нас! :))))    



01 јуни, 2005 15:21

о шутрак ти са експрес 2 а не експрес 22 сељак еден не виден!
ќе се испукаше некоја ракета и дождот ке беше разнебитен на парчиња бе...
:) (демек) хахахахахаххехехехех    



01 јуни, 2005 18:46

добро бе, ти ебем... грешка е напраено!    



» Објави коментар