<body><script type="text/javascript"> function setAttributeOnload(object, attribute, val) { if(window.addEventListener) { window.addEventListener('load', function(){ object[attribute] = val; }, false); } else { window.attachEvent('onload', function(){ object[attribute] = val; }); } } </script> <div id="navbar-iframe-container"></div> <script type="text/javascript" src="https://apis.google.com/js/plusone.js"></script> <script type="text/javascript"> gapi.load("gapi.iframes:gapi.iframes.style.bubble", function() { if (gapi.iframes && gapi.iframes.getContext) { gapi.iframes.getContext().openChild({ url: 'https://www.blogger.com/navbar.g?targetBlogID\x3d12998280\x26blogName\x3dBlog+4+Fun\x26publishMode\x3dPUBLISH_MODE_BLOGSPOT\x26navbarType\x3dBLUE\x26layoutType\x3dCLASSIC\x26searchRoot\x3dhttp://blog4fun.blogspot.com/search\x26blogLocale\x3dmk_MK\x26v\x3d2\x26homepageUrl\x3dhttp://blog4fun.blogspot.com/\x26vt\x3d-914302168013441392', where: document.getElementById("navbar-iframe-container"), id: "navbar-iframe" }); } }); </script>

Blog 4 Fun

вељком ту мај сајт

Баш сум фаца

Ќе се погледнам во огледало и имам што да видам. Косата расте како што ќе и текне, а не како што сакам јас. Никако да легнe да заличи на нешто, ушите – несиметрични, на образите и челото митисери, еден ќе пресуши друг ќе расцути, никогаш крај. Носот и очите како да се душмани, секој си тера по свое. А устата преголема. Забите – тага и последна опомена, како да сум ги купил на распродажба. А не сум таков, жими се. Јас всушност многу сум поубав. Челото високо интелегентно, погледот решителен, остар како нож, но штом ќе затреба полн е со шарм. Долната вилица четвртаста, маркантна, веднаш се гледа цврст карактер. Образите румени, пукам од здравје, а забите бели, бели не можеш да гледаш во нив од што блоскотат. Ич да не ги спомнувам широките рамења и еден цел куп трицепси и бицепси, па и тоа за глава сум повисок од тоа што сум. Тоа додуша не се гледа во огледало, ама сеедно, знам дека е тука некаде, покриено со оваа коса, овие уши и така натаму и оттаму оваа забуна. Инаку тие уши и она другото ни случајно не ги признавам како свои, затоа што навистина не се мои, туѓи се, не знам каква врска имаат со мене и од каде воопшто тие во мене. Очигледно грешка во испораката или намерно... местенка. Ма, ви велам, гадно ме издриблаа. Вака не сум ни налик на себе и исте мислат дека изледам, како што изгледам и не можам никому да му докажам оти сум онаков каков што знам дека сум. Никој нема да ми поверува, никој! Всушност и ја сум ти некоа будала. Што имам па да се гледам во огледало, кога знам напамет како изгледам. Челото високо интелегентно, погледот решителен, остар како нож, но штом ќе затреба полн е со шарм. Долната вилица четвртаста, маркантна, веднаш се гледа цврст карактер. Образите румени, пукам од здравје, а забите бели, бели не можеш да гледаш во нив од што блоскотат. Да не ги спомнувам широките рамења и еден цел куп трицепси и бицепси, па и тоа за глава сум повисок од тоа што сум.
« Home

18 мај, 2005 21:34

да си пробам :)    



19 мај, 2005 18:14

ova e jako! :))))) looool zakon    



» Објави коментар