<body><script type="text/javascript"> function setAttributeOnload(object, attribute, val) { if(window.addEventListener) { window.addEventListener('load', function(){ object[attribute] = val; }, false); } else { window.attachEvent('onload', function(){ object[attribute] = val; }); } } </script> <div id="navbar-iframe-container"></div> <script type="text/javascript" src="https://apis.google.com/js/plusone.js"></script> <script type="text/javascript"> gapi.load("gapi.iframes:gapi.iframes.style.bubble", function() { if (gapi.iframes && gapi.iframes.getContext) { gapi.iframes.getContext().openChild({ url: 'https://www.blogger.com/navbar.g?targetBlogID\x3d12998280\x26blogName\x3dBlog+4+Fun\x26publishMode\x3dPUBLISH_MODE_BLOGSPOT\x26navbarType\x3dBLUE\x26layoutType\x3dCLASSIC\x26searchRoot\x3dhttp://blog4fun.blogspot.com/search\x26blogLocale\x3dmk_MK\x26v\x3d2\x26homepageUrl\x3dhttp://blog4fun.blogspot.com/\x26vt\x3d-914302168013441392', where: document.getElementById("navbar-iframe-container"), id: "navbar-iframe" }); } }); </script>

Blog 4 Fun

вељком ту мај сајт

Летна љубовна приказна

Абе, жими топилницата од Велес, хемиската индустрија од Скопје и еколошката свест на мравките од селото Кравари, ја видов! Ја видов со очите, со носот, со грбот; ја почуствував со сите свои органи, организации; со сите свои атоми, неурони и протони.

Жими тетка ти! Каков прв поглед, какви четири погледи со јогурт?! Ја видов уште пред одма. И штом ја видов почнав да се менувам, динамично, очигледно, фрапнатно. Срцето веќе не ми беше обично срце, се претвори во игралиште, во полигон за вежбање најнови и најоткачени вљубувања.

Рацете ми се издолжија, сакаа да го прегрнат целиот свет, да го гушнат и да му шепнат на увце: - Ох, ах, их, ух, е-еееех. Нозете сами тргнуваа по неа, подзапираа за да танцуваат на некоја љубовна игра според обичаите на амазонските племиња. Забите ми побелеа и се подмладија. Ноктите почнаа да расцутуваат во облик на мали орхидеи.

Ушите ми станаа проѕирни и директно фаќаа по десет радио станици... Со еден збор, се случи – ЉУБОВ! Како изгледа таа? Ах, их, ух, ох! Таа е најженска светска. Има очи какви што нема. Ушите и се прогласени за природна убавина на нашиот град. Погледот и е заштитен со закон. Кога ќе се насмевне, наоколу настанува пролет, цутат црешите и дивите јаболка. Кога таа е тажна, во нашиот град доаѓаат трите најдобри циркуси во светот.

Забите и се толку бели што само од погледот на нив можете да правите белило за црнци. ОД нејзиниот блесок се произведени сите бели ноќи во светот. Кога таа чекори, тоа е празник на Земјината рамнотежа, тогаш кометите запираат, астероидите, се повлекуваат длабоко во себе...

И ај после, не ја сакај! Aјде де!
« Home

19 мај, 2005 15:53

лилии брат, си ме скинал од смеење со ова! ал'л нека ти е!    



17 јануари, 2010 17:27

секс рекорд партнеров
секс ромы третьякова
прямой секс эфир
порно видео кастинга
оральный секс беременность
порно фурри
папа дочка порно фото
где посмотреть эротику бесплатно
бесплатное порно видео psp
секс порно толстушки    



» Објави коментар