<body><script type="text/javascript"> function setAttributeOnload(object, attribute, val) { if(window.addEventListener) { window.addEventListener('load', function(){ object[attribute] = val; }, false); } else { window.attachEvent('onload', function(){ object[attribute] = val; }); } } </script> <div id="navbar-iframe-container"></div> <script type="text/javascript" src="https://apis.google.com/js/plusone.js"></script> <script type="text/javascript"> gapi.load("gapi.iframes:gapi.iframes.style.bubble", function() { if (gapi.iframes && gapi.iframes.getContext) { gapi.iframes.getContext().openChild({ url: 'https://www.blogger.com/navbar.g?targetBlogID\x3d12998280\x26blogName\x3dBlog+4+Fun\x26publishMode\x3dPUBLISH_MODE_BLOGSPOT\x26navbarType\x3dBLUE\x26layoutType\x3dCLASSIC\x26searchRoot\x3dhttp://blog4fun.blogspot.com/search\x26blogLocale\x3dmk_MK\x26v\x3d2\x26homepageUrl\x3dhttp://blog4fun.blogspot.com/\x26vt\x3d-914302168013441392', where: document.getElementById("navbar-iframe-container"), id: "navbar-iframe" }); } }); </script>

Blog 4 Fun

вељком ту мај сајт

Скопје (ептен) саундс гуд

вторник, мај 31, 2005
Новиот летен музички фестивал "Скопје саундс гуд" помина во лоша светлина. Скопје звучеше тажно, а сите оние кои со голема желба дојдоа на отворениот простор пред Скопски саем да го проследат ова долгонајавувано збиднување, си заминуваа разочарани. Една од причините за неуспехот на фестивалот беше силниот дожд што го помести неговото одржување неколку часа подоцна. Со тоа, веќе однапред се знаеше дека барем една од предвидените групи нема да настапи. Едноставно, немаше и време. Тоа им се случи токму на оние кои публиката најмногу ги посакуваше - "Тивери корпорејшнн". А, како што дознаваме, уште една причина за нивното едноминутно појавување на сцената, била нивната навлажнета техничка опрема.

Забавата, всушност, почна во 1,30 часот по полноќ со "Фејтлес". Британскиот состав за нас е нешто веќе видено, иако одлично се претстави. Продолжи со стоминутна пауза додека се чекаше Исланѓаните "Гас гас" да се наместат на сцената. Пауза исполнета со нервоза и долги извици на негодување до организаторот "Авалон". Конечно, во 3,30 часот по полноќ ги дочекавме и "Гас гас". Фестивалот заврши разочарувачки за сите оние кои упорно издржаа да го проследат докрај, односно за сите што ги чекаа "Тивери корпорејшн". Диџејското трио "Икспрес 22", пак, настапиле први, кога беше дождот најсилен, само пред неколкумина оптимисти. Но, повеќе се слушал звукот на дождот, отколку оној што го произведуваа само 20 минути тие што се најдоа на влажната сцена. "Скопје саундс гуд" требаше да биде фестивал кој не само што долго ќе го паметиме туку и гордо ќе нe смести на светската фестивалска мапа. Очигледно, организаторите можат да се снајдат само на затворено, во Универзална сала, на пример. Бидејќи, очигледно се плашат од дожд. Но, заслужија ли сите оние кои, за наши услови, скапо ја платија влезницата да бидат изиграни и да ја преживуваат организаторската неснаодливост? На толпата луѓе им остана само да "уживаaт" во лошото озвучување, онолку колку што беше искористено.

Утрински Весник

Типолошка определба на жена у кревет

петок, мај 27, 2005
Асматичарка: “Уххх....уххх.....ухххх...“
Математичарка: “Повторувањето е мајка на знаењето, затоа ...повтори...“
Ветеринарка: “Дај го ваму, бику мој, дај го...“
Учителка: “Да... така... многу добро... правилно... одлично, пет!“
Убиец: “Ако сега престанеш, ќе те убијам!“
Навивачка: “Издржи... ајде... уште...“
Неизвестена: “Што е тоа?... Зошто?... Што правиш?“
Оптимистка: “Да... да... да...“
Песимистка: “Не... не... не...“
Сообраќајна техничарка: “Малку десно... не, не... малку нагоре... напред...“
Верник: “О, боже мој... О, боже мој...“
Самоубиец: “Ох, умирам... ох, умирам...“
Компјутерска администраторка: “OK… OK… OK“
Учителка на англиски: “Ohhh, yes… ohhh, good…“
Видовита: “Чувствувам дека доаѓа... блиску е... тука е... умпфррррр!“

Electric Shock

вторник, мај 24, 2005
Даунлоудирај и глеaј како урла тој со бананата! :)
electricshock (663 KB) (десен клик и Save Target As...)

Eurosong Contest 2005 – Kyiv

понеделник, мај 23, 2005
Епа, лујџе завчера Субота, 21 мај 05 Евросонг се одржа по 50 пат. Нас, македончињава не преставуваше Мартин Вучиќ, кој заврши 17 место (иако ја бев за Александра Пилева).



Значи, победник е Helena Paparizou од Грчка, ако сакате повеќе да прочитате за типката моете на: http://www.eurovision.tv/. Мене лично најмногу ми се допаѓаа молдавците “Здоб ши Здуб“ кои ја изведоа песната “Бооника бате доба“ (Баба удира на тапан) и Виг Вам од Норвешка. За нашава песна неам и некој коментар, да ви кажем ич не ми се допаѓа, абе ја викам за следниов Евросонг 2006 (здравје) да ги прата Суперхикс, ама добар беше и овја Мартин ај! Најбоља група у Македонија се Суперхикс според мене. Ај да не ја тупим со Суперхикс и да и се вратим на сторијава. Како што приметив ја Мартин у почетокот имаше и малку трема на финалето, ама после малу се ослободи. Па секако дечкото ќе има трема к’j го гледаа 200 милиони људи, не е заебанција тоа. На Евросонгот приметив (уствари и кажа коментаторот) нешто шо ич не чинеше. Не чинеше тоа шо имаше многу копии од групи као АБА, Кис и други. Као АБА беа тие трите од Босна (абе, тоа оригинал еј!), Кис беа оние рокерине Виг Вам, Малта - Мараја Кери, Кипар – Сакис Педеракис... ова Рувас :), Шпанија – Лас Кечап, Англија – Бејонсе имаше и други што ја не ги запамтив б’ш. Треба да бидат свои на Евросонг, мислим стварно нема смисла да праат копии.

П.С. Поздрав до Мартин :)

Најекономично возило на 21 век

сабота, мај 21, 2005
По многубројните тестирања, експертите го избраа најпрактичното и најекономичното возило на 21 век. Возилото ги има следниве карактеристики, а неговото име е – ЖЕНА.
1. Троши сопствено гориво.
2. Се подмачкува автоматски за време на работа.
3. Работи со една главна и две помошни свеќички.
4. Одговараат сите видови клипови.
5. Има вградено радио кое автоматски се вклучува при работа.
6. Има и предна и задна влеча.
7. Може долго да работи во место, а да не се прегрее.
8. Не чади за време на работа, бидејќи троши квалитетно гориво.
9. Работи со 60 вртежи во минута.
10. Многу добри резултати дава при 120 вртежи.
11. Удобна е за време на возењето, бидејќи има добри амортизери.
12. Возачот може да ја променува положбата за време на возењето.
13. За време на возење, навечер и во магла не требаат светла.
14. Може да користи внатрешна гума, но исто добро работи и без неа.
15. Може да се искористи повеќе пати без оглед на временските услови и категоријата на возачи.
16. Не се прегрејува и кога ќе испушти вода.
17. Во зима работи без антифриз.
18. Самата менува уље секои 25-30 дена без оглед на бројот на возачите и бројот на работните часови.
19. За употреба не е потребна возачка дозвола.
20. Трошоците за одржување се минимални, бидејќи работи без поправки и повеќе од 50 години, зависно од условите на експлотација.

Напомена: Има само една маана: Брзо го амортизира возачот и ја намалува цврстината на клипот.

10 директорски заповеди

четврток, мај 19, 2005
1. Јас сум директор твој и не признавај ниеден друг во следните два мандата освен мене!
2. Не се надевај на никакви форуми и комисии, бидејќи единствено јас можам да ти помогнам!
3. Не го споменувај моето име, освен ако ме фалиш!
4. Четири дена работи за себе, а петтиот за репрезентација, на моите патувања и дневници!
5. Почитувај ги моите луѓе за да ти биде добро и долго да останеш мирен и спокоен во претпријатието!
6. Не го убивај работниот морал на вредните, зашто тие работат и за тебе и за мене!
7. Не врши прељуба во претпријатието, таму каде што јас веќе фрлив око!
8. Не кради, бидејќи не си во ситуација, ќе заглавиш за ситна работа!
9. Не му сведочи на друг, молчи и кога мислиш дека си во право!
10. Не го посакувај туѓото, подобро работно место, бидејќи не си способен ни за своето!

Летна љубовна приказна

среда, мај 18, 2005
Абе, жими топилницата од Велес, хемиската индустрија од Скопје и еколошката свест на мравките од селото Кравари, ја видов! Ја видов со очите, со носот, со грбот; ја почуствував со сите свои органи, организации; со сите свои атоми, неурони и протони.

Жими тетка ти! Каков прв поглед, какви четири погледи со јогурт?! Ја видов уште пред одма. И штом ја видов почнав да се менувам, динамично, очигледно, фрапнатно. Срцето веќе не ми беше обично срце, се претвори во игралиште, во полигон за вежбање најнови и најоткачени вљубувања.

Рацете ми се издолжија, сакаа да го прегрнат целиот свет, да го гушнат и да му шепнат на увце: - Ох, ах, их, ух, е-еееех. Нозете сами тргнуваа по неа, подзапираа за да танцуваат на некоја љубовна игра според обичаите на амазонските племиња. Забите ми побелеа и се подмладија. Ноктите почнаа да расцутуваат во облик на мали орхидеи.

Ушите ми станаа проѕирни и директно фаќаа по десет радио станици... Со еден збор, се случи – ЉУБОВ! Како изгледа таа? Ах, их, ух, ох! Таа е најженска светска. Има очи какви што нема. Ушите и се прогласени за природна убавина на нашиот град. Погледот и е заштитен со закон. Кога ќе се насмевне, наоколу настанува пролет, цутат црешите и дивите јаболка. Кога таа е тажна, во нашиот град доаѓаат трите најдобри циркуси во светот.

Забите и се толку бели што само од погледот на нив можете да правите белило за црнци. ОД нејзиниот блесок се произведени сите бели ноќи во светот. Кога таа чекори, тоа е празник на Земјината рамнотежа, тогаш кометите запираат, астероидите, се повлекуваат длабоко во себе...

И ај после, не ја сакај! Aјде де!

Баш сум фаца

Ќе се погледнам во огледало и имам што да видам. Косата расте како што ќе и текне, а не како што сакам јас. Никако да легнe да заличи на нешто, ушите – несиметрични, на образите и челото митисери, еден ќе пресуши друг ќе расцути, никогаш крај. Носот и очите како да се душмани, секој си тера по свое. А устата преголема. Забите – тага и последна опомена, како да сум ги купил на распродажба. А не сум таков, жими се. Јас всушност многу сум поубав. Челото високо интелегентно, погледот решителен, остар како нож, но штом ќе затреба полн е со шарм. Долната вилица четвртаста, маркантна, веднаш се гледа цврст карактер. Образите румени, пукам од здравје, а забите бели, бели не можеш да гледаш во нив од што блоскотат. Ич да не ги спомнувам широките рамења и еден цел куп трицепси и бицепси, па и тоа за глава сум повисок од тоа што сум. Тоа додуша не се гледа во огледало, ама сеедно, знам дека е тука некаде, покриено со оваа коса, овие уши и така натаму и оттаму оваа забуна. Инаку тие уши и она другото ни случајно не ги признавам како свои, затоа што навистина не се мои, туѓи се, не знам каква врска имаат со мене и од каде воопшто тие во мене. Очигледно грешка во испораката или намерно... местенка. Ма, ви велам, гадно ме издриблаа. Вака не сум ни налик на себе и исте мислат дека изледам, како што изгледам и не можам никому да му докажам оти сум онаков каков што знам дека сум. Никој нема да ми поверува, никој! Всушност и ја сум ти некоа будала. Што имам па да се гледам во огледало, кога знам напамет како изгледам. Челото високо интелегентно, погледот решителен, остар како нож, но штом ќе затреба полн е со шарм. Долната вилица четвртаста, маркантна, веднаш се гледа цврст карактер. Образите румени, пукам од здравје, а забите бели, бели не можеш да гледаш во нив од што блоскотат. Да не ги спомнувам широките рамења и еден цел куп трицепси и бицепси, па и тоа за глава сум повисок од тоа што сум.