Сигурно знаете дека 50 Центи беше застрелан со девет куршуми и преживеа. Е сега, раперот потпиша договор неговиот лик да се појави во видео игра наречена „Отпорен на куршуми“. Да, добро прочитавте – и покрај тоа што беше направен решето од куршуми, видео играта инспирирана од 50 Центи же се вика „Отпорен на куршуми“!
Дејството се одвива во Њујорк, каде што Фифти се соочува со дилери на дрога. Во играта, како гости ќе се појават другарите 50 Центи: Д-р Дре – како Гриз, Еминем – како Меквикар, Лојд Банкс, Тони Јајо и Јанг Бак од Џи Јунит. Играта ќе содржи и неколку песни од Фифти, и зона во која ќе може играчот да ги микса неговите нови песни со новите ритми од Џи Јунит.
Раперот им изјави на новинарите: Возбуден сум поради „50 Центи – Отпорен на куршуми“, исто колку што сум среќен за успехот на мојот албум „The Massacre“, а тоа ми значи многу бидејќи досега само музиката ми беше најважна во животот. Појавувањето на Еминем и Д-р Дре во играта докажува дека таа е на вистински пат да биде успешна колку и мојата музика.